Top Sport

Милан и Јувентус трофејот за Суперкупот ќе го бркаат во Саудиска Арабија

Челниците на Серија А потврдија дека натпреварот за трофејот во Суперкупот на Италија меѓу Јувентус и Милан ќе се игра во Џеда, Саудиска Арабија.

Натпреварот ќе се игра на 16 јануари 2019 година во 18:30 часот по средноевропско време, на стадионот „Крал Абдул“ кој е со капацитет од 62.345 места.

Италијанците последните години натпреварите во Суперкупот ги организираат далеку од „Чизмата“, па трипати досега домаќин беше Пекинг, а по еднаш Шангај и Доха.

Досега и двата италијански фудбалски гиганти по седумпати го освојувале Суперкупот на својата земја.

Scroll to Top