Рома доживеа уште еден пораз од Бодо/Глимт во Конференциската лига. Норвежаните, синоќа, победија со 2:1 во првиот четврт-финален натпревар. Сезонава Бодо/Глимт два пати ја победија Рома, еден натпревар заврши нерешено.
И покрај поразот и фактот дека Рома се уште нема победа над Бодо/Глимт, тренерот на „волчицата“, Жозе Мурињо смета дека неговиот тим е фаворит за пласман во полу-финалето.
„Јасно е дека Бодо/Глимт е тежок противник, но верувам дека во реваншот ќе имаме подобри судии. Во две акции ни судеа офсајди, кои не постоеја. Еднаш судијата покажа офсајд и покрај тоа што топката беше фрлена од аут. Јасно в е на кое ниво беше судењето“, рекол Мурињо. Проблем за Португалецот е повредата на Манчини.
„Ме загрижува неговата повреда. Се повреди поради пластичниот терен, тука ние немаме контрола. УЕФА дозволи да се игра на вакви терени, тука ништо не можеме да направиме“, заклучил Португалецот.