Диксон Етуху во Шведска е суспендиран на пет години поради вмешаност во скандал со местење на натпревари.
Поранешниот фудбалер на Манчестер сити, Сандарленд и Фулам е обвинет дека на својот поранешен соиграч од АИК Кирјакос Стаматопулос му понудил пари за да го намести натпреварот АИк-Гетеборг во мај 2017 година.
Стаматопулос бил резервниот голман на АИК но требало да игра на тој меч бидејќи првиот голман бил повреден.
Етуху му понудил околу 180.000 фунти, Стаматопулос ги одбил парите, а натпреварот бил одложен. Етуху негирал дека е вмешан во скандалот долготрајната истрага во ноември минатата година покажала дека е виновен.
По изречената суспензија Етуху не смее да има никаква активност поврзана со фудбалот во Шведска до 2025 година.