Top Sport

Се огласи Милан – Ибрахимовиќ ќе паузира 10 дена

Фудбалскиот клуб Милан ги демантира наводите дека Залтан Ибрахимовиќ на вчерашниот тренинг ја повредил Ахиловата тетива.

Неколку италијански медиуми објавија дека Швеѓанецот најверојатно ја повредил Ахиловата тетива и дека му претстои подолга пауза.

„Златан Ибрахимовиќ во понеделникот пријави повреда на листот на десната нога. Ахиловата тетива е во ред. За десет дена фудбалерот повторно ќе биде прегледан“, се наведува во клупското соопштение.

Ибрахимовиќ во зимскиот преоден рок се врати на „Сан Сиро“. Досега има одиграно десет натпревари на кои постигнал четири гола.

Сезоната во Серија А ќе продолжи на 13 или 21 јуни.

Scroll to Top