Челниците на Манчестер Јунајтед подготвуваат чистка во тимот по завршувањето на сезоната. Наводно веќе се познати имињата на шестмина играчи што ќе го напуштат клубот.
Прво кој ќе замине е Алексис Санчез. Играчот со најголема плата не само во Јунајтед, туку и во Премиер лигата, не ги оправда очекувањата откако во јануари минатата година пристигна од Арсенал.
Ќе заминат и тројца фудбалери од одбраната: Матео Дармијан, Маркос Рохо и капитенот Антонио Валенсија.
Клубот како слободен играч ќе го напушти Хуан Мата, а сигурно е дека од наредната сезона во Манчестер Јунајтед нема да игра ниту младиот Тимоти Фосу-Менса.