Top Sport

Се подготвува чистка во Интер

Челниците на Интер и спортскиот директор Бепе Марота на седум мина им соопштиле дека во летниот преоден рок ќе можат да го напуштат клубот.

Великанот од „Џуземе Меаца“ во летниот преоден рок ќе претрпи сериозни кадровски промени. Челниците се обидуваат да состават екипа што ќе може да ја прекина доминацијата на Јувентус.

Познато е дека тренерот Лучано Спалети ќе го предводи тимот и наредната сезона, а не е позната судбината на напаѓачот Мауро Икарди.

Она што веќе се знае е дека седум мина можат да заминат. Марота им соопштил на Седик Соареш и Кеита Балде дека клубот нема да ги откупи нивните догововори. Соареш е позајмен од Саутемптон, а Кеита од Монако.

Исто така клубот ќе го напуштат Антонио Кандрева, Борха Валеро, Роберто Галиардини, Жоао Марио и Далберт.

Scroll to Top