Top Sport

Мегаломанските барања ќе му ја уништат кариерата

Алчноста на Адриен Рабио и неговата мајка, која е негов менаџер, може да му ја уништи кариерата на овој талентиран фудбалер. Рабио шест месеци е надвор од натпреварувачкиот ритам, откако ПСЖ го исфрлија од тимот, бидејќи не отстапи од намерата да го напушти Париз.

Рабио, во летниот преоден рок, одби да го продолжи договорот со ПСЖ, за да може по завршувањето на сезоната како слободен играч да го напушти клубот.

Долго време се шпекулираше дека неговиот трансфер во Барселона е завршена работа, но поради преголемите апетити, Барса се повлече од преговорите. Се шпекулира дека Барселона му понудиле годишна плата од 10 милиони евра, но госпоѓата Рабио барала цели 15 милиони евра за нејзиниот син.

Кога им пропадна трансферот со Барселона, синот и мајката се свртеле кон Јувентус и ги намалиле финансиските барања. Француските медиуми пишуваат дека сега Рабио и неговата мајка се согласиле на 10 милиони евра годишна плата, но во Јувентус немаале намера да им ги дадат тие пари.

Наводно госпоѓата рабио побарала нејзиниот син да заработува двојно повеќе од Марио Манџукиќ. Хрватот неодамна го продолжи договорот и доби годишна плата од пет милиони евра.

Scroll to Top