Top Sport

Се подготвува чистка во ПСЖ – Деветмина ќе го напуштат клубот

Елиминацијата од Лигата на шампионите на површина ги исфрли сите проблеми со кои се соочува ПСЖ. И на најголемите оптимисти во клубот им стана јасно дека ПСЖ не се тим, туку група на ѕвезди кои го носат истиот дрес.

Вчера, ѕвездите, со исклучок на Килијан Мбапе и Ашраф Хакими, добија порција свирежи на натпреварот со Бородо.

Навивачите, претходно, во отворено писмо побраа од клубот да си заминат претседателот Насер Ал-Келаифи, спортскиот директор Леонардо, тренерот Маурисо Покетино и најскапото засилување Нејмар.

Француските медиуми тврдат дека во летниот преоден рок ПСЖ ќе направи голема реконструкција.

Со оглед на елиминацијата од Реал во Лигата на шампионите, јасно е дека Килијан Мбапе ќе го напушти клубот. По неговите стапки, како слободен играч, од Париз ќе си замине и Анхел Ди Марија.

Жители на Париз нема да бидат и играчите кои дојдоа како големи засилувања, а не покажаа ништо: Серхио Рамос и Жоржињо Вајналдум.

На трансфе листата ќе се најдат и Леандро Паредс, Мауро Икарди, Идирса Геј, Тило Керер, Лавин Курзава, Јулијан Дракслер и Андер Ерера.

Според овие извори Меси и Нејмар ќе останат уште една сезона на „Паркот на принцовите“.

Клупските челници решиле новиоттим да го градат околу Марко Верати, Маркињос, Персел Кимпембе, Ашраф Хакими, Џиџи Донарума и Нуно Мендеш.

Scroll to Top