Спортскиот оддел на Манчестер јунајтед го посочи Дензел Дамфрис како мета во преодниот рок. Според последните информации имало предлог на Интер да му биде понуден трејд Арон Ван-Бисака за Дензел Дамфрис.
„Црвените ѓаволи“ се заинтересирани за дефанзивецот на Баерн, Нусаир Мазрауи, но во тој случај неопходна е продажба на Ван-Бисака. Исто така Јунајтед биле заинтересирани за Дамфрис, но во тој случај би се обиделе да ги разменат играчите со Интер.
Преговорите за овој предлог засега не напредуваат, но размената на играчи меѓу клубовите не е ретка појава во последните години во европскиот фудбал.
Договорите на Ван-Бисака и Дамфрис истекуваат следното лето, а и двајцата ќе можат да договорат трансфери без обештетување следната година. Фудбалерот роден во Ротердам неколку пати беше поврзуван со трансфер во Јунајтед, но раководството на Интер е уверено дека наскоро ќе потпише нов договор со 28-годишниот играч.
Стоперот Лени Јоро од Лил и центарфорот Џошуа Зиркзе од Болоња веќе пристигнаа на „Олд Трафорд“ во актуелниот преоден рок, додека нови играчи во Интер се Давиде Фратеси од Сасуоло (Интер го откупи неговиот договор) и Хосеп Мартинез од Џенова.