Радикални промени се подготвуваат во Лигата на шампионите, бидејќи УЕФА се соочува со стални притисоци од големите клубот кои сакаат да имаат загарантирани места во елитата, по урнекот на кошаркарската Евролига.
Како што тврди „Тајмс“ предлогот е Лигата на шампионите да се прошири од 32 на 48 клуба. Ваковиот план е различен од оној што го предложија од Европската фудбалска асоцијација (ЕЦА), чии претседател е првиот човек на Јувентус Андреа Ањели.
ЕЦА предложи лига со 32 клубот, но да има промоција и испаѓање од истата и 24 од 32 тима што би играле да имаа загарантирано учество.
Клубовите од најсилните европски првенства го отфрлија овој план, односно не се согласуваат со предлогот за формирање на „европска супер-лига“.
Форматот за кој пишува „Тајмс“ би броел 40 или 48 тима и не би ги фаворизирал само најбогатите клубови во Европа туки и традиционалните клубови како што се Селтик и Ајакс кој сезонава ќе мора да играат квалификации за да се пласираат во фазата по групи.
Најновиот предлог УЕФА ќе го разгледува на 11 септември. Доколку се усвојат некакви промени тие ќе започнат да важат од 2024 година.