Плановите на Нејмар ова лето да се врати во Барселона е се реализираа од многу причини. Бразилецот остана во Пари Сен Жермен и од викендов ќе конкурира за место во тимот на Томас Тухел.
Пари Сен Жермен, викендов, во првенството ќе игра против Стразбур, а потоа и со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
На сите им е јасно дека со оглед на повредите на Единсон Кавани и Килијан Мбапе, за Нејмар мора да има место во тимот, но така не мислат најжестоките навивачи на „светците“. Тие имале намера, поради Бразилецот, да ги бојкотираат овие натпревари.
„За да ја одбрани честа и независноста КУП (Колектив на Ултрасите на Париз) планира да ги бојкотира натпреварите со Стразбур и Реал Мадрид“, пишува францускиот „РМЦ Спорт“.
Меѓутоа КУП не подготвувале само бојкот туку планирале на и околу стадионот да постават транспаренти со пароли против Нејмар.
Клупските челници сметаат дека нема потреба навивачите да реагираат против Нејмар во момент коа пред тимот стои вистински предизвик, Реал Мадрид. Според нив тие само ќе им создадат непотребен притисок на играчите.
Медиумите од Париз информираат дека одлуката околу бојкотот на натпреварите КУП ќе ја донесат најдоцна до сабота.