По многу шпекулации, британскиот таблоид „Сан“ објави видео на кое се гледа Американката Катрин Мајорга, која го обвинува Кристијано Роналдо дека ја силувал во 2009 година, како се забавува со португалската ѕвезда во клубот „Син сити“ во Лас Вегас.
34-годишната поранешна учителка девет години по инцидентот проговори за силувањето кое се случило во хотелот „Палмс казино резорт“, и каде што Португалецот наводно анално ја силувал. Таа тврди дека морала да ја напушти работата за да се бори во случајот, а на прашање зошто досега молчеше откако потпиша вонсудски договор со Роналдо, таа одговара дека веќе не можела да молчи.
„Потпишав бидејќи ми беше страв. Тој е познат човек, а јас обична жена. Не сакав името да ми се влече низ медиумите, кои нема да ме остават на мир. Се забавувавме со неколку луѓе, кога се префрливме во неговиот апартман. Тој влезе во јакузито со другите и ме замоли да дојдам, а кога отидов да се пресоблечам ме нападна“, изјави Американката за „Дер Шпигел“.
Адвокатите на Роналдо тврдат дека се работи за измислица и најавија тужби против германскиот магазин.
Отворена истрага против Роналдо, му се заканува доживотен затвор