Top Sport

Се повреди најскапото засилување на Арсенал

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета откри дека сериозноста на повредата на неговото најголемо засилување Деклан Рајс ќе биде позната по дополнителните лекарски прегледи.

Рајс, вчера беше заменет на полувремето од натпреварот против Тотенхем (2:2).

„Чувствуваше непријатност во грбот по завршувањето на првото полувреме ни кажа дека не се чувствува добро“, имизјави Артета на новинарите по натпреварот.

Тој не можеше да даде прецизен одговор на прашањето колку Рајс ќе отсуствува од тимот на Арсенал.

„Се надевам дека нема долго да биде надвор од тимот. Мораме да ја процениме ситуацијата. Чудно е кога играч како него бара да биде заменет поради непријатност”, додаде Артета.

Scroll to Top