Top Sport

Се продава Ливерпул

Фудбалскиот клуб Ливерпул наскоро може да добие нови сопственици, објави „Фенвеј спортс груп (ФСГ)“, која моментално управува со клубот. ФСГ на овој начин ги потврди медиумските шпекулации.

„сакаме транспарентност кога станува збор за сопственоста на ФСГ врз Ливерпул. ФСГ неодамна доби интерес од трети лица да станат акционери во Ливерпул. ФСГ и претходно изјави дека ќе дозволи влез на нови акционери во клубот, но само под соодветни услови и само доколку тоа е во најдобар интерес на Ливерпул. ФСГ останува целосно посветена на успехот на Ливерпул на и надвор од теренот.“

Тоа не значи дека ФСГ е подготвен целосно да го напушти клубот, но со задоволство би прифатил нови инвеститори. Може да доаѓаат и од Соединетите Американски Држави или од арапскиот свет кои неодамна испратиле понуди.

Ливерпул би можел да ја промени и својата трансфер политика, бидејќи актуелните газди моментално трошат само онолку колку што ќе заработат, што значи дека во целост го почитуваат финансискиот фер-плеј на УЕФА.

Scroll to Top