Top Sport

Се расправаа кој треба да го шутне пеналот

Тренерот на Барселона Чави Ернандез мораше да се огласи по вербалната расправија на неговите играчи на мечот со Валенсија. Феран Торес и Ансу Фати се расправаа кој да го шутира пеналот.

Чави тврди дека пред мечот донеле одлука дека долку биде досуден пенал за Бараселона, истиот ќе треба да го изведе Торес.

Торес не успеа да погоди, но Барселона сепак ја победи Валенсија со 1:0.

„Пред секој натпревар одредуваме кој ќе ги изведува пеналите и тоа им го кажуваме на играчите, а сега одлучивме дека тоа ќе биде Торес. Ние сме тие што одлучуваат и играчите тоа многу добро го знаат“, изјави Чави.

Неколку минути по промашениот пенал, Барселона остана со играч помалку на теренот. Араухо беше исклучен, Чави реши веднаш направи измена, за да ја пополни позицијата на Уругваецот. Веројатно како воспитна мерка, Лави од теренот го повлече Фати.

 

Scroll to Top