Познатиот германски фудбалер Лукас Подолски последните денови од својата богата кариера ги поминува во Полска, во Горник од Забрзе. На последните четири натпревари постигна пет гола.
Последниот го постигна вечерва против Погон. Горник забележа победа 4:1.
Подолски беше стрелец на последниот гол, погоди од својата половина.
Поранешниот германски репрезентативец забележа дека голманот е надвор од шеснаесетникот и го постигна најубавиот гол во блескавата кариера.
Stop that Podolski. pic.twitter.com/CWNCO047ck
— Stop That Football (@stopthatfooty) November 5, 2022