Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и еден од најталентираните играчи во Ев ропа, Ројстон Дренте, го постигна првиот гол во кариерата во Холандија.
31-годишниот фудбалер беше стрелец на натпреварот од Втората холандска лига помеѓу Спарта од Ротердам и Анјсховен (2:0).
⚽ | Daar is-ie dan! Het eerste doelpunt van Royston Drenthe in het shirt van Sparta Rotterdam. #spaein https://t.co/QIqOWNR1cR pic.twitter.com/JVFuA9jSqB
— FOX Sports (@FOXSportsnl) September 7, 2018
Дренте кариерата ја започна во Феенорд, а како 20-годишник во 2007 година се пресели во Реал, како најдобра играч на Европското првенство за играчи до 21 година.
За Реал, Дренте, одиграл 46 натпревари и постигнал два гола. Во периодот додека играше во Мадрид, до 2012 година, Дренте бил на позајмици во Еркулес и Евертон, а во кариерата играл и за Аланија од Владикавказ, Рединг, Шефилд Венздеј, Каксери и Банијас од Абу Даби.