Top Sport

Се собра „класата од 92“ на Манчестер јунајтед

Дејвид Бекам заедно со колегите од славната „класа од 92“ на Манчестер јунајтед ги промовираше новите патики на „Адидас“, а Гери Невил го предупреди тимот да продолжи да произведува сопствени таленти.

„Класата од 92“ во раните деведесети излезе од академијата на Јунајтед, и Дејвид Бекам, Гери и Фил Невил, Пол Сколс, Ники Бат и Рајан Гигс ги одбележија следните години на „Црвените ѓаволи“. Овојпат тие се собраа за промоција на новите црвени патики на спонзорот на Јунајтед.

Embed from Getty Images

Пет од играчите исто така се заедно како сопственици на нисколигашот, Салфорд сити ФЦ, но Бекам ретко се гледа со своите поранешни колеги. Гери Невил имаше порака до Јунајтед.

„Можете да кажете дека нашето време заврши, но некои момци уште играат во тимот а дојдоа низ академијата – Скот Мектоминеј, Маркус Рашфорд, Џеси Лингард. Важно е Јунајтед да ја продолжи приказната за младоста во време кога е многу тешко младите играчи да влезат во првиот тим“, изјави Невил.

Scroll to Top