Top Sport

Се „тресе“ во Торино – Алегри: И тие сакаат да играат за Јувентус!

По 1:1 ремито со дербито во Милан, Јувентус се наоѓа на 18. место во Серија А, нешто што одамна не се случило, така што моралот во тимот не е највисоко ниво, што можеби најдобро го отсликува видеото од реакцијата на Масимилијано Алегри по крајот на мечот.

Алегри беше незадоволен што Јувентус првпат по 60 години немаат победа во првите четири меча во Серија А, а уште полут на однесувањето на своите играчи и не ја криеше фрустрацијата заминувајќи од теренот.

Видеото кое стана вирално во Италија го покажува Алегри како пцуе на италијански и си зборува самиот себеси: „Тие дури сакаат да играат за Јувентус“.

На прес-конференцијата по мечот, Алегри им порача на играчите да сфатат дека дресот на Јувентус е „потежок“ од тој на другите клубови во Италија, и додаде дека младите фудбалери, како Федерико Киеза, мораат да сфатат што значи да се игра за „бјанконерите“.

Scroll to Top