Вечерва конечно стигнаа позитивни вести од Италија која заедно со Шпанија е најпогодената европска земја од вирусот Ковид-19.
Владата во Италија одлучи спортистите од 4 мај да започнат со индивидуални тренинзи, а враќањето на групните активности, односно тренинзи најверојатно ќе се случи од 18 мај.
„Спортистите ќе можат да тренираат од 4. мај, но ќе мораат да почитуваат мерки на социјална дистанца, најмалку на еден метар. Ако не ја држиме дистанцата, работите можат да се влошат. Ако ја сакате оваа земја, почитувајте ги правилата. Потоа, нови мерки и пат кон нормализирање на ситуацијата ќе бидат донесени на 18 мај“ – најави италијанскиот премиер, Џузепе Конти.
Клубовите можат да започнат со планирањето на тренинзите, враќањето на фудбалот на „Чизмата“ може да се очекува на крајот на овој и на почетокот на идниот месец.
Први н програмата се очекува да се реванш дуелите од полуфиналето во Копа Италија.
Сите фудбалери ќе бидат подложни на тестирања на коронавирусот, а мечевите ќе се играат без присуство на публика.