Top Sport

Се закачија Игуаин и Давид Луиз на тренинг во Баку, Сари „вриеше“ (видео)

Фудбалерите на Челси утре во 21 часот во Баку, Азербејџан го играат финалниот меч од Лига Европа против тимот на Арсенал. Сепак, според снимките од денешниот тренинг на „сините“, атмосферата во клубот не е најсјајна.

По еден поостар старт на Аргентинецот Игуаин врз Бразилецот Давид Луиз паднаа тешки зборови, барем според она што можеше да се забележи од изразот на лицата на двајцата фудбалери.

Целата ситуација го изнервира тренерот Маурицио Сари кој додека одеше кон соблекувалните најпрво демонстративно ја фрли капата, а потоа ја шутна.

Еве како изгледаше целата ситуација:

Scroll to Top