Top Sport

Фетел размислува за „пензија“, доста му е од лош Ферари!

Формула 1 пилотот, Себастијан Фетел на крајот на сезоната размислува да оди во „пензија“. Ваквите информации се појавија во јавноста непосредно по трката за Големата награда на Монако.

Поради неконкурентноста на болидот на Ферари со оној на Мерцедес, Германецот сериозно размислува да излезе од Ф1 циркусот иако има договор со италијанската екипа до 2020 година.

„Најшокантната гласина која се прошири во Монако е дека Себастијан Фетел размислува за пензија. Откако освои 4 трофеи со Ред Бул, сакаше да го врати Ферари на врвот, но направи неколку грешки и сега, откако Шарл Леклерк е во екипата е под голем притисок“ – пренесува „ГПблог“.

Фетел кој по 6 трки сезонава е трет со 55 бода помалку од водечкиот Луис Хамилтон со повлекувањето би го направил тоа што го направи Нико Росберг во 2016 година. Росберг тогаш го освои првенството, а беше свесен дека мали се шансите да го повтори успехот во иднина.

Веќе се шпекулира и со имињата на можниот наследник на Фетел. Се споменуваат Серхио Перез, Кевин Магнусен, Роман Гросжан и Валтери Ботас.

Scroll to Top