Top Sport

Себалјос демантира дека добил крвав нос од Давид Луиз

Фудбалерот на Арсенал, Дани Себалјос го демантира британскиот „Атлетик“ окол увеста дека имал голема тепачка со својот соиграч Давид Луиз на тренинг минатата недела, по што доби и крвав нос.

Според „Атлетик“, Луиз се налутил на еден опасен старт од Себалјос и го удрил по носот, по што нивните соиграчи едвај спречиле поголем инцидент, а тренерот Микел Артета ги пратил дома три дена пред да се вратат на тренинзи оваа недела.  Себалјос преку социјалните мрежи едноставно напиша: „ЛАЖНО“.

Сепак, ова е не е прват тие двајца фудбалери да бидат вклучени во тепачка со соиграч. Во септември, Себалјос морал да биде спречуван да влезе во физичка пресметка со Еди Нкетија, повторно по еден опасен старт пред мечот со Фулам. Луиз, пак, во 2019 година имаше сличен дуел со тогашниот соиграч од Челси, Гонзало Игуаин.

Scroll to Top