Top Sport

Пеп точно знае зошто Лео Меси секогаш „пешачи“ на стартот на секој меч

Пеп Гвардиола добро го познава Лионел Меси бидејќи работеше заедно со него во Барселона, освојувајќи три титули од Ла лига и два трофеи од Лигата на шампионите, и дава интересно објаснување за тоа зошто Меси секогаш оди, а не трча на стартот на мечевите.

Секако, тоа не е бидејќи 33-годишниот Аргентинец е мрзелив. Во видео од 2017, во кое Гвардиола гледа меч на Меси против Реал Мадрид, тој објаснува.

„Тој тогаш не е надвор од играта, туку е вклучен. Се движи во главата – лево, десно, лево, десно. Ги мириса одбранбените играчи и бира кој е најслаб од нив. По пет или десет минути, тој ја има мапата во главата. Знае дека ако оди на една страна, ќе има шанси за напад. Видете! Тоа е генијално. Ние живееме во исто време со овој човек. Уживајте. Меси е единствен. Толку е добар“, вели Гвардиола.

Трипиер знае каков е Меси: Тој само оди, оди, и одеднаш ќе ти даде гол!

Scroll to Top