Top Sport

Вардарецот Милосављев со одбрана на сезоната во ракометната ЛШ (видео)

Скопски Вардар е ракометен шампион на Европа. Тоа најверојатно немаше да биде можно доколку на голот на клубот немаше двајца извонредни голмани, Дејан Милосављев и Калифа Гедбан.

Иако и младиот Калифа Гедбан имаше свој придонес во титулата на Вардар, сепак најголемиот товар падна на грбот на „неискусниот“ Србин Дејан Милосављев кој во првата сезона за „црвено – црните“ успеа да се закити со три признанија: шампионска титула, најдобар голман на сезоната и најдобра одбрана на сезоната во ЛШ.

ЕХФ одлучи дека најдобра одбрана сезонава е зицерот кој Милосављев му го „скина“ на Словенецот, Блаж Благотиншек во финалето против Веспрем, на 3,5 минути до крајот, при резултат 25-23 за Вардар, во моментите кога унгарскиот тим е обидуваше да фати приклучок кон победа и кон прва титула. Милосављев ја има и осмата најдобра одбрана во ЛШ.

Во топ 20 интервенции на сезоната, Гедбан е застапен двапати. Тој ја има одбраната број 12 и број 5.
Погледнете:

Scroll to Top