Шпанскиот фудбалер Дани Себаљос кој е на позајмица од Реал Мадрид во Арсенал нема намера да се врати во матичниот клуб се додека на клупата на Реал е Зинедин Зидан, пренесуваат шпанските медиуми.
Себаљос сака трајно да остане во Лондон, но првобитната понуда на „топчиите“ од 30 милиони евра е одбиена.
Минатиот месец Себаљос инсистираше кај претседателот на Кралскиот клуб, Флорентино Перез да започне преговори со Арсенал, а се шпекулира дека двата клуба би можело „да се најдат“ на сума од 35 милиони евра.
Младиот играч од средниот ред е во затегнати односи со Зидан, па за 2 сезони под негово водство одигра само 17 меча.
Себаљос во Реал стигна од Бетис за 14 милиони евра во 2017 година.