Дани Себаљос не е задоволен од статусот што го има во Арсенал и побарал од својот матичен клуб Реал да му најде нов клуб. Себаљос сака да избори место во шпанската репрезентација која ќе се натпреварува на Европското првенство.
Себаљос во Арсенал настапува како позајмен играч од Реал, меѓутоа досега има настапано само на 17 натпревари. Во еден период имаше проблеми со повредата, но сега иако е здрав не е во комбинација кај новиот тренер Микел Артета.
Последен пат Себаљос за Арсенал настапил во Лига Европа, во ноември минатата година против Виторија Гимараеш.
Реал во актуелниот преоден рок на тројца свои играчи им најде нови клубови. Хесус Валјехо од Вулверхемптон замина во Гранада, додека Андреј Лунин и Хорхе де Фрутос ќе играат до крајот на сезоната во Овиедо, односно рајо Валјекано.