Top Sport

Себастијан Але почнал да тренира

Францускиот напаѓач Себастијан Але ќе се врати на тренинзите за прв пат откако му беше дијагностициран тумор на тестисите.

Иако се уште е далеку од враќањето во првиот тим на Борусија Дортмунд, напаѓачот на според планот на лекарите постепено ќе влегува во тренажниот процес.

Интересно, Але започнал со тренинзите во Ајакс, клуб од каде што пристигна во Дортмунд во текот не летниот преоден рок. Оваа информација ја потврди тренерот на Ајакс, Алфред Шрудер.

„Тој побара од нас да тренира овде овде бидејќи неговата рехабилитација се прави во Амстердам. Секако, фантастично е што е со нас. Ќе тренира на различни терени за што побрзо да се рехабилитира“, изјави Шрудер.

Але летово потпиша со Борусија Дортмунд од Ајакс за 35.000.000 евра, за да го напушти кампот неколку дена по првиот тренинг со тимот бидејќи се чувствуваше лошо. Набрзо му беше дијагностициран тумор на тестисите.

Scroll to Top