Top Sport

Седлоски: Фокус, посветеност и тимски дух, така ќе одговориме на предизвикот

Македонската репрезентација ги доби противниците за настапот во најновото издание од Лигата на нации. Нашата селекција е дебитант во Б конкуренцијата, во Групата 1 ќе игра против Шкотска, Швајцарија и Словенија.

Педводникот на националниот тим Гоце Седлоски со респект кон репрезентациите со кои ќе се соочиме, но и верба во своите избраници кои можат да докажат дека Македонија сосема заслужено се наоѓа меѓу нив.

„Шкотска и Швајцарија се главните фаворити во групата. Станува збор за две селекции со континуитет на настапи на големи натпреварувања, учесници и на претстојното Светско првенство. Имаат квалитет и искуство на највисоко ниво. Тоа доволно зборува за предизвикот што нè очекува.

Но, ние не влегуваме во овој циклус со улога на аутсајдер. Нашата цел е да бидеме конкурентни на секој натпревар, без разлика дали играме дома или на гости. Ќе се трудиме да го наметнеме нашиот стил на игра, дисциплиниран, организиран и храбар. Да покажеме дека Македонија со право е дел од Лига Б.

Имаме генерација која веќе е зрела, имаме јасна идеја како сакаме да изгледаме на теренот и треба да веруваме во квалитетот.

Со максимален фокус, посветеност и тимски дух, верувам дека можеме да одговориме на предизвикот”.

Извор и Фото/ Фудбалска федерација на Македонија

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');