Top Sport

Седлоски: Горд сум на тимот, Динамо беше за нијанса подобар

Шкупи е минимално поразен од Динамо Загреб (0:1), се простува од Лигата на шампионите и продолжува во плејофот за Лига Европа, а следен ривал е Шамрок Роверс.

Стрелец на победничкиот гол за Динамо Загреб беше Аријан Адеми, на асистенција на Лука Менало.

„Горд сум на мојот тим. Загубивме, но бевме рамноправни, нијанси одлучуваа, веројатно и поголемото искуство на Динамо. Им честитам за минималниот триумф и им посакувам да влезат во групите од Лигата на шампионите. На полувремето ги предупредив фудбалерите дека Динамо ќе нападне силно во првите пет минути, и токму тогаш ни дадоа гол“, изјави Гоце Седлоски на прес – конференцијата.

Scroll to Top