Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седолски, најави дека за претсотјниот циклус во Лигата на нации, ќе го подмлади националниот тим. Македонија, прв пат ќе се натпреварува во Б дивизијата, противници ќе и бидат Швајцарија, Шкотска и Словенија.
Седолски, најави широк ростер, од проста причина што во краток период, репрезентацијата ќе одигра четири натпревари. Ростерот според селекторот ќе брои 30 до 35 фудбалери.
„Матеј Гаштаров од Црвена звезда и Казимчан Караташ од Галатасарај ќе се најдат на списокот, за вториот чекаме да биде завршена процедурата за добивање пасош“, рече Седолски.
Гаштарот, добива се повеќе шанса кај Алберт Риера во Црвена звезда, игра како дефанзивен играч во редот за врска, додека Караташ е лев бек.
Седолски исто така откри дека внимателно го следи и Христијан Малески.
Репрезентацијата, во периодот од 26 септември до 6 октомври, два пати ќе игра со Швајцарија и по еднаш со Шкотска и Словенија.
Циклусот, Македонија ќе го отвори против Швајцарија во Скопје на 26 септември.
Foto/ ffm.mk
