Top Sport

Седлоски пред реваншот со Шамрок: Мораме да победиме

Фудбалерите на Шкупи, утре ќе го пречекаат Шамрок роверс, во реванш натпреварот од третата квалификациска рунда за пласман во главната фаза во Лига Европа. Првиот натпревар, одигран минатата недела заврши со победа на Шамрок роверс со 3:1.

За пласман во плејофот во Лига европа на Шкупи им е потребна победа од три гола разлика.

„Кога играме вакви натпревари сигурно треба да бидеме 100% фокусирани. Жал ми е како примивме голови на првиот натпревар, но сега ќе почнеме од почеток, играме против тежок противник, има самодоверба и мотивација кај играчите и мора дефинитивно да победиме. Ги повикувам навивачите, кои се наш дванаесетти играч да бидат со нас до крајот“, смета тренерот на шкупи, Гоце Седлоски.

Натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе започне во 21 часот.

Scroll to Top