Поранешниот тренер на Вардар, Гоце Седлоски официјално беше презентиран како тренер на босанскохерцеговскиот премиерлигаш Широки Бријег, велејќи дека клубот има голема амбиција.
„Мило ми е што доаѓам во Широки. Сум бил тука, но како фудбалер на Динамо и се сеќавам убаво на стадионот. Сакам да му заблагодарам на спортскиот директор Шилиќ и на управата на клубот бидејќи ми укажаа доверба. Го гледав поразот од 0:3 од Железничар, и сакам да гледам на позитивните работи, како нашите навивачи. Се надевам дека кризата е минато, а на сите фудбалери им кажав дека почнуваат од нула“, вели Седлоски на прес-конференција.