Top Sport

Седлоски прв кандидат за клупата на Широки Бријег

Поранешниот македонски репрезентативец и тренер на Вардар, Гоце Седлоски е во преговори со босанскохерцеговскиот клуб Широки Бријег, откако клубот го отпушти претходниот тренер Борис Павиќ.

Седлоски, кој беше фудбалер на Хајдук, Динамо Загреб и Шефилд Венсдеј, минатата сезона со Вардар беше на чекор од пласман во Лигата на шампионите, по што беше отпуштен и работеше во летонскиот клуб Рига. Седлоски за порталот „Спортспорт.ба“ потврди дека разговара со првите луѓе на клубот од Херцеговина.

„Тешко е да се каже во овој момент, но имаше контакти и мислам дека сме блиску до договор. Не би сакал да кажам нешто повеќе од почит кон луѓето од клубот. Ќе знаеме за два-три дена“, изјавил Седлоски за „Спортспорт.ба“.

Scroll to Top