Top Sport

Само во Италија – Мандрагора доби казна од еден меч за „богохулење“ (видео)

Играчот од средниот ред на Удинезе, Роландо Мандрагора доби суспензија од еден меч за користење на „богохулни изрази“ кои биле фатени од камерата.

Мандрагора бил „фатен“ на камера во текот на второто полувреме од мечот против Сампдорија, а Лега Серија А откако добиле електронска порака за „однесувањето на фудбалерот Роландо Мандрагора“ и ги разгледале снимките заклучиле дека тој користел „богохулни изрази во 48. минута од мечот“.

Пцуењето секаде, па и во Италија, е вообичаена работа, меѓутоа „богохулните“ фрази во кои се навредува Бог се сфаќаат малку посериозно, и ова не е прват Серија А да казни играчи поради ваков прекршок.

Scroll to Top