Top Sport

Седлоски: Шкупи дојде да покаже што знае на „Максимир“

Македонскиот првак Шкупи вечерва (21 часот) на „Максимир“ ќе го игра првиот натпревар против хрватскиот шампион Динамо Загреб во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Домаќинот е голем фаворит, но тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски, за кого „Максимир“ е како домашен терен со оглед дека во минатото беше играч на хрватскиот клуб, верува дека составот од Чаир ќе прикаже добра игра.

„Дојдовме да покажеме што знаеме. Динамо Загреб е квалитетен тим, играат отворен и офанзивен фудбал, имаат неколку одлични фудбалери, но и ние сме максимално мотивирани да ја оствариме нашата цел. Нема лесно да се прадедеме затоа што сакаме позитивен резултат пред реваншот“, изјави Гоце Седлоски.

Тренерот на Динамо Загреб. Анте Чачиќ, верува дека хрватскиот клуб ќе успее да оствари убедлив триумф.

„Ја прифаќаме фаворитската улога, но несомнено ќе треба да ја потврдиме на теренот. Без да покажеме доминација и да оствариме победа, се би било залудно“, истакна Анте Чачиќ.

Мечот е закажан за 21 часот на „Максимир“, а се очекуваат околу 10.000 фанови, меѓу кои и околу 500 навивачи на Шкупи.

Scroll to Top