Top Sport

Седлоски: Шкупи има огромен мотив за успех против Динамо Загреб

Македонскиот шампион Шкупи утревечер го продолжува патот во квалификациите во Лигата на шампионите, а на „Максимир“ ги пречекува Динамо Загреб. Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски, во минатото го носеше дресот на хрватскиот клуб. Сепак, сега е на клупата на Шкупи и вели дека неговиот тим е максимално мотивиран за успех.

„Имам многу спомени со тимот на Динамо Загреб како поранешен фудбалер на оваа екипа, од овој стадион „Максимир“. Но, сега сум на тренер на Шкупи и мојот тим е максимално мотивиран да одигра добар меч против силниот ривал. Динамо Загреб е квалитетен тим, тие се дефинитивно фаворити, играат отворен фудбал, затоа мора да бидеме внимателни. Но, нема да се предадеме лесно, ќе го дадеме максимумот за да стигнеме до позитивен резултат“, изјави Гоце Седлоски на вечерашната прес – конференција.

Натпреварот меѓу Динамо Загреб и Шкупи се игра утревечер, со почеток во 21 часот.

Scroll to Top