Top Sport

Седлоски: Успешна беше 2022 за Шкупи, следната сакаме одбрана на титулата

Шампионот Шкупи имаше успешна 2022 година, а тренерот Гоце Седлоски се надева дека континуитетот ќе продолжи и во годината што доаѓа. Амбициите се големи, одбраната на трофејот во првенството.

Шкупи по есенскиот дел од сезоната има три бода негатива во однос на лидерот Струга Трим Лум.

„Морам да нагласам дека кога го презедов тимот на Шкупи целта ни беше шампионската титула во ПМФЛ, и тоа го остваривме. Следуваа мечеви во фудбалска Европа, па потоа оваа есен и на домашната сцена. Во тој период играчите беа уморни, а тимот беше исцрпен. На почетокот работите не одеа како што посакувавме и планиравме. Ривалите ни избегаа повеќе бодови и нормално беше да си дадам оставка. По три мечеви повторно се вратив на клупата откако најдовме заеднички јазик со раководството на клубот. Потоа резултатите беа позитивни, се надевам дека напролет ќе бидеме уште подобри. Се знае дека и во 2023 година целта ние шампинската титула“, вели тренерот на Шкупи.

Scroll to Top