Top Sport

Седум ѕвезди на ПСЖ ќе играат во петтата лига

Доколку до крајот на преодниот рок не го напуштат ПСЖ, клубот ќе пресели седум фудбалери во резервниот тим кој се натпреварува во петтиот ранг на францускиот фудбал.

„Лекип“, обави дека тренерот Кристоф Галтије и спортскиот директор Луис Кампос, им ја соопштиле оваа одлука на фудбалерите.

Непожелни во клубот се Андер Ерера, Лајвин Курзава, Јулијан Дракслер, Рафиња, Тило Карер, Идриса Геј и Мауро Икарди.

Манчестер јунајтед и Галатасарај се заинтересирани за Икарди, Ерера го следат од Вест Хем, а за Геј интерес покажува неговиот поранешен клуб Евертон. Наводно и Керер има неколку понуди од Премиер лигата.

Доколку седуминатата останат во ПСЖ ќе го добиеме најсилниот петтолигаш во историјата на фудбалот.

Scroll to Top