Top Sport

Седум играчи без оштета ќе го напуштат Ливерпул

Дивок Ориги е еден од седумте фудбалери кои летово ќе го напуштат Ливерпул. Клубот потврди дека нема да им ги продолжи договорите и тие без оштета ќе го напушта „енфилд“. Покрај Ориги, клубот го напуштаат Лорис Кариус, Шеји Ојо, Бен Вудбурн и тројца играчи од академијата, Илајџа Диксон-Бонер, Луис Лонгстаф и Шон Вилсон.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп одамна најави дека Ориги ќе го напушти „Енфилд“, 27-годишниот белгиски напаѓач наводно веќе договорил се со Милан.

Тој пристигна во клубот во 2014 година под водство на тренерот Брендан Роџерс, постигнувајќи 41 гол во 175 настапи за тимот од „Енфилд“, дел од кариерата мина на позајмици во Лил и Волфсбург. Со головите во Лигата на шампионите се здоби со статус на клупска легенда, без разлика на неговата инаку помала улога во тимот.

Покрај Ориги, најпознато име на листата е и Лорис Кариус, голман кој во првите две сезони во клубот одигра 49 натпревари за Ливерпул, а последните две сезони ги мина на позајмица во Бешикташ и Унион Берлин. Тој играше во финалето на Лигата на шампионите во 2018 година против Реал, грешките што ги направи му овозможија на Реал да ја освои титулата.

Scroll to Top