Top Sport

Седум играчи се на „црната листа“ на Покетино

Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино во својот тим не гледа седуммина од ростерот кој во монетов го има во Челси. Интересно, четворица од седуммината кои се пречкртани во Челси дојдоа пред една година.

По поразот од Евертон, Покетино јавно објави дека сака средба и детална анализа со раководството на клубот, за да може Челзи да излезе на пазарот и да се обиде да се засили.

Извори блиски до клубот тврдат дека Покетино подготвил список на играчи за кои Челзи треба да ги слуша и да ги прифати најдобрите понуди, а тоа се: Нони Мадуеке, Трево Чалоба, Армандо Броја, Марк Кукуреља, Мало Густо, Аксел Дисаси и Јан Матсен.

Работата да биде полоша, дури четворица играчи од списокот пристигнаа во Челзи во изминатата година, а за нив беа потрошени близу 200 милиони евра, тоа се: Кукуреља, Дисаси, Густо и Мадуеке.

Покетино наводно сака по едно засилување во сите линии на тимот, сигурен стопер, централен играч за врска и напаѓач. Наводно централна мета ќе биде Виктор Осимен.

Останува да видиме дали Челзи ќе успее да ги продаде играчите кои скапо ги плати и им даде повеќегодишни договори, некои дури до 2029 и 2030 година.

Scroll to Top