Top Sport

„Седумката“ на Квадрадо оди кај Роналдо

Фудбалерот на Јувентус, Хуан Квадрадо, направи убав гест, бидејќи по доаѓањето на Кристијано Роналдо во италијанскиот клуб, реши да му го отстапи својот број на дресот.

Неколку неделните преговори помеѓу Реал и Јувентус, во вторникот, завршија успешно и Поругалецот за 1005 милиони евра стана играч на „старата дама“.

Новиот соиграч на Роналдо, Квадрадо, реши својата „седумка“ да му ја отстапи на Португалецот и веднаш се пофали на својот профил на „Инстаграм“.

„Подобро е чувството кога подаруваш, откако кога нешто добиваш. Добредојде Роналдо! Одиме во авантура“, напишал Квадрадо, а според фотографијата дресот за Роналдо веќе е подготвен.

Scroll to Top