Top Sport

Сеферовиќ на „Ноу Камп“ промаши она што не се промашува

Барселона и Бенфика одиграа 0:0, во претпоследното коло, во Лигата на шампионите. Во групата во која Баерн ја обезбеди првата позиција, Барса и Бенфика во последното коло ќе решат кој ќе биде втор на табелата. Бенфика ќе има полесна задача, дома го чека Динамо Киев, додека Барса ќе гостува во Минхен.

На „Ноу Камп“, Барселона имаше свои шанси, но не успеа да го совлада Влаходимос. Сепак меч-топката, ја имаше Харис Сеферовиќ. Швајцарскиот репрезентативецот во 94.минута можеше да ја днесе Бенфика во осмина-финалето, излезе сам пред Тер-Штеген, успеа да ја префрли топката преку голманот на Барселона, а потоа од шест метри ја испрати топката крај голот.

Погледнете го неверојатното промашување на Сеферовиќ.

Scroll to Top