Top Sport

Сефте за Парма по враќањето во Серија А (Видео)

Фудбалерите на Парма приредија големо изненадување на отворањето на четвртото коло во Серија А. Парма, во Милано, успеа да го изненади фаворитот Интер и да слави 1:0.

Парма, некогаш славно име на италијанскиот фудбал, во Серија А се врати по четири сезони и во четвртото ја забележа првата победа по враќањето меѓу елитата.

Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 79.минута, кога младиот Федерико Демарко го совлада Самир Хандановиќ.

Интер само ја потврди лошата форма и веќе се оддалечува од борбата за титулата. По четири кола Интер има победа, реми и два порази.

Scroll to Top