Легендарниот голман на Јувентус и на италијанската репрезентација, Џанлуиџи Буфон потпиша едногодишен договор за Пари Сен-Жермен, со опција за уште една сезона, потврди францускиот шампион.
„С о голема доза на среќа доаѓам во Пари Сен-Жермен. Првпат во мојата кариера си заминувам од Италија и само толку амбициозен проект како тој на ПСЖ можеше да ме убеди во тоа. Сакам да се заблагодарам на клубот и на претседателот за укажаната доверба“, изјави Буфон.
Буфон, кој дебитираше како професионалец за Парма на 17 години во 1995 година, во Јувентус помина 17 години, освојувајќи девет титули од Серија А и завршувајќи со 300 мечеви без примен гол во 655 мечеви.
Taillé pour Paris ! pic.twitter.com/yBYMkX02rD
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) July 6, 2018