Пако Алкасер се приклучи на Борусија Дортмунд со постојан договор од Барселона, откако лидерите на Бундеслигата убедени од фантастичната форма на Шпанецот договорот за заем го „трансформираа“ во редовен договор до 2023 година.
Пако не успеа да се наметне во Барселона, каде што имаше многу ривали во нападот и беше прогласен за „вишок“, пред во Дортмуд да „експлодира“ со девет гола во осум настапи, убедувајќи го Борусија да платат 23 милиони евра за него.
„Денеска ги информиравме Барселона дека ќе ја искористиме опцијата и ќе го задржиме Пако. Тој е интегрален дел од нашиот тим и напаѓач со фантастичен квалитет, кој веќе постигна некои значајни голови за нас“, вели спортскиот директор на Дортмунд, Михаел Цорк.
Алкасер помина две сезони во Барселона од 2016 година, со 50 настапи и само 15 голови.
„Пресреќен сум во Дортмунд, во ВБВ со овој прекрасен тим. Борусија е вистинското место за мене. Благодарам на довербата“, изјави Пако.
? Michael Zorc: „Er ist ein echter Torjäger von hoher fußballerischer Qualität, der schon wichtige Spiele für uns entschieden hat. Wir freuen uns auf viele weitere Tore und Vorlagen von @paco93alcacer.“
? Alle Stimmen: https://t.co/IwiSNYrkbq #Alcacer2023 pic.twitter.com/42sTRk3OY9
— Borussia Dortmund (@BVB) November 23, 2018
Фото: ЕПА