Португалскиот стручњак Рубен Аморим и официјално е претставен како нов менаџер на Манчестер јунајтед.
Клубот од „Олд Трафорд“ му плати 11 милиони евра обештетување на Спортинг Лисабон, а 39-годишниот тренер потпиша договор со англискиот гигант до летото 2027.
Овој стручњак имаше извонреден старт на сезоната со зелените и бели, без пораз. Во домашното првенство има девет победи во исто толку натпревари, а во Лигата на шампионите Спортинг триумфираше над Лил и Штурм и одигра нерешено со ПСВ.
It's done.
Bem-vindo ao Manchester United, Ruben Amorim 🇵🇹🤝🔴#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) November 1, 2024
Од заминувањето на Фергусон, Јунајтед го предводеа Дејвид Мојс, Луис ван Гал, Жозе Мурињо, Оле Гунар Солскјер , Ралф Рагник и Ерик Тен Хаг.
Амор го очекува тешка работа, Јунајтед освои алармантни 11 бода во девет кола од Премиер лигата Во моментот на разделбата со Тен Хаг, Јунајтед падна од просечните 1,97 бода во првата на 1,22 бода во третата сезона на Холанѓанецот во клубот.
Последната капка беше поразот од Вест Хем, по што менаџерот ги обвини судиите и сопствениците на клубот решија да бараат ново решение.
Го најдоа во човекот кој на Спортинг му ги даде најдобрите сезони во последните две децении, во кои најмногу доминираа Бенфика и Порто.
Под водство на Аморим, кој пред да дојде на стадионот „Жозе Алваладе“ работеше во Каса Пиа и Брага, „лавовите“ освоија 2,27 бода на 227 натпревари.
Аморим ќе стане третиот португалски менаџер во Премиер лигата, покрај Марко Силва (Фулам) и Нуно Еспирито Санто (Нотингем Форест). Тој ќе биде седмиот Португалец на клупата на еден клуб од формирањето на Премиер лигата, бидејќи пред споменатите тројца Жозе Мурињо, Андре Вилаш Боаш, Карлос Карвајал и Бруно Лаж работеа во најсилната лига на светот.