Top Sport

Сега е официјално, Екитике во Ливерпул

Францускиот напаѓач Уго Екитике (23) и официјално е играч на Ливерпул.

Англискиот шампион објави дека е постигнат договор со Ајнтрахт во врска со трансферот на Екитике, кој ќе стане втор највреден трансфер ова лето во Европа и Премиер лигата.

И највредниот го направи Ливерпул, за Флоријан Вирц на Баер му плати 125 милиони евра.

„Црвените“ платија за Екитике 80 милиони евра, со два бонус пакети.

Екитике успешно ги помина медицинските прегледи во својот нов клуб и наскоро ќе им се придружи на своите нови соиграчи на азиската турнеја.

Французинот зад себе ја има најдобрата сезона во кариерата, во 46 натпревари за клубот во сите натпреварувања, постигна 26 гола и беше избран во идеалниот состав на Бундеслигата.

Пред Ајнтрахт, тој играше за Ремс и Пари Сен Жермен.

Вкупно, Екитике е петтото засилување на Ливерпул ова лето, по Џереми Фримпонг, Милош Керкез, Флоријан Вирц и Георги Мамардашвили.

Фото/ Принскрин

Scroll to Top