Лион ќе ги обноват преговорите со Набил Фекир за продолжување на договорот, ако Французинот, за кој едно време беа заинтересирани голем број на клубови, не најде нов клуб, вели претседателот Жан-Мишел Ола.
Фекир влегува во последната сезона од договорот со Лион, а Ливерпул откако пред една година беа пред договор со францускиот репрезентативец, решија дека тој не им е потребен, додека Арсенал не можат да си го дозволат откако не најдоа купувач за Месут Озил.
Шпанските медиуми тврдат дека Реал Бетис е заинтересиран за 25-годишниот Фекир како замена за Џовани Ло Селсо, кој е блиску до Тотенхем. Претседателот Ола претходно изјави дека е подготвен за понуди, но сега вели дека Фекир ќе има дом во Лион ако не се најде купувач.
„Набил влезе во последната година од неговиот договор, така што постои можност заинтересираните клубови да дојдат кај нас, но ние сме доволно економски стабилни да почекаме. За нас ќе биде добра вест тој да не најде клуб и да почнеме со преговори за нов договор“, вели Ола.
Фекир беше дел од француската репрезентација која лани го освои Светското првенство и во последните три сезони во Лига 1 има 36 постигнати голови.