Top Sport

Секогаш има изговор – ремито со Фулам е поради сувиот терен, вели Јирген Клоп

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека лошата состојба на теренот на „Крејвен котиџ“, како и лошиот однос на неговите фудбалери се виновни за неубедливото 2:2 реми на гости кај Фулам во првото коло од Премиерлигата.

Германецот тврди дека теренот бил премногу сув, но и дека дел од играчите имале „погрешен“ став кон мечот.

„Најдоброто нешто денеск беше резултатот. Тоа што освоивме поен од лош натпревар некогаш те тера да се запрашаш: ‘Како се случи ова?’. Односот не беше најдобар на почетокот на мечот, а потоа кога сакавме да се бориме не беше лесно. Теренот беше сув, игравме нивна игра. Резултатот е добар, не заслужувавме ништо повеќе. Можеме многу подобро“, вели Клоп.

Покрај лошата игра, Клоп е загрижен и за повредата на бутниот мускул на Тијаго Алкантара, кој мораше да излезе од игра по 50. минути. Покрај Алкантара, Клоп е и без Наби Кеита, Ибрахима Конате, Кертис Џонс, Алекс Окслејд-Чембрлен, Костас Цимикас и Диого Жота.

Scroll to Top